ММС

Објавено на: 03/5/21 1:06 PM

И премиерот Заев ја оцени како шпекулација веста за амбасадорската функција на Фрчкоски

Веста дека професорот Љубомир Фрчкоски е одбиен од САД како македонски амбасадор во Вашингтон, премиерот Зоран Заев денеска ја оцени како шпекулација во јавноста.

– Јас мора да ви потврдам дека ниту Владата ниту било која друга институција коментира амбасадори додека не завршат постапките, за било која земја и било кое ниво. Додека не завршат постапките ние дури не ги коментираме ни именувањата на конзулите. Јас слушнав дека Фрчкоски е за Њујорк, а не за Вашингтон, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој вели дека не сака да коментира прерано, а одлуките ќе се соопштат кога ќе завршат сите постапки – агреман од претседателот, агреман од земјата домаќин и ќе стигнат до Парламентот.

И министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа во гостување во ТВ21 рече дека во ниту еден момент не кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор, туку дека информациите биле само изнесени во јавноста. Тој потенцира дека никоја кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална без потврда од МНР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.