ММС

Објавено на: 03/4/21 8:19 PM

„Вардар“ со пораз се прости од групната фаза во ракометната Лига на шампиони

Ракометарите на скопски „Вардар“ со пораз ги завршија натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите. Во Скопје вечерва загубија од „Мешков Брест“ со 32-36 (12-20). Белорускиот шампион во текот на целиот натпревар водеше, полувремето го заврши со предност од осум гола, а го конролираше мечот до крајот и заслужено победи. Најефикасни кај „Вардар“ беа Дибиров со девет и Гаџа со седум гола.

„Вардар“ завршува како седми во групата и во осминафиналето од Лигата на шампионите треба да игра со „Веспрем“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.