ММС

Објавено на: 03/4/21 11:36 AM

„Неандерталско размислување“ е укинувањето на мерката за носење маска, смета Бајден

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека укинувањето на обврската за носење маски во Тексас и Мисисипи е последица на „неандерталско размислување“. Како што пренесува Гласот на Америка, Бајден укажа на незадоволство од одлуката на гувернерот на Тексас, Грег Абот да ја укине обврската за носење маска и олабавување на епидемиолошките мерки во државата. Иста одлука донесе и гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс.

Тоа е голема грешка – истакна американскиот претседател коментираји ги одлуките на гувернерите на Тексас и Мисисипи. Додека остваруваме напредок во вакцинацијата, последно нешто што ни треба е неандерталско размислување – рече Бајден.

Претходната администрација на чело со Доналд Трамп ја „намалуваше“ сериозноста на пандемијата со коронавирусот и покрај тоа што и претседателот беше позитивен на ковид-19.

Сепак, откако дојде на власт во јануари годинава, Бајден повторува дека носењето маска и држењето дистанца се неопходни за да се спречи ширењето на вирусот. За новинарите тој изјави дека секогас кај себе ги има најновите податоци за бројот на починати.

До вчера починаа 511.874 Американци и ќе починат уште илјадници. Нема да можеме да ги вакцинираме сите до летото – изјави претседателот.

Гувернерот на Тексас ја укинува обврската за носење маска, а според Уставот, Бајден нема овластување да ги менува одлуките на гувернерите.

 

Фото:  Joe Biden / Instagram

Извор:   nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.