ММС

Објавено на: 03/4/21 10:08 AM

Европа ќе биде затворена за македонските државјани само во новинарските текстови

Рецензираме новинарски текстови кои информираат дека дигиталниот вакцинален пасош е „готова работа“, веќе познат датумот на примена, и при тоа прашуваат дали македонските граѓани, во ситуација кога не е познато кога ќе пристигнат вакцините против корона вирусот, ќе останат зад европските граници.

Ќе останат ли македонските граѓани изолирани  додека Европа се имунизира и се прават подготовки како да им се олесни патувањето на Европјаните? Македонија само чека“ – прашува и констатира авторот на текстот насловен: „Ковид пасошите стануваат нова „виза“ во ЕУ“.

Оваа полуинформација создава чувството на несигурност од „затворените европски врати“. Факт е дека во иднина тнр. „ковид пасош“ нема да биде единствен услов за влез во ЕУ, туку ќе може да се патува и со прикажување на негативен ПЦР тест на граница.

Дезинформацијата ја лоцираме во зборот „излоирани“ бидејќи граѓаните на нашата земја можат да патуваат во други земји со задолжително приложување на негативен ПЦР тест, освен во земјите каде што нашата земја е ставена на листата земји со висок ризик. Со ова се наведуваат граѓаните да стравуваат дека нема да можат да патуваат и се предизвикува несигурност кај нив.

Во случај кога имаме пандемија, новинарот треба да се огради од создавање страв и несигурност кај граѓаните, и неговиот начин на информирање треба да биде ослободен од сензационализам.

На официјалната веб страница на Министертсвото за надворешни работи, јасно е наведено во кои земји може да престојуваат и да транзитираат македонските граѓани.

Од 22.01.2021 година стапи во сила мерката за задолжителен негативен резултат од Ковид 19 тест за сите патници кои пристигнуваат во Австралија, вклучувајќи ги и дипломатите.
Од 15 јанураи 2021 година мора да се изврши електронска регистрација пред влез во Австрија, а потврдата за испражање да се приложи при влез во државата.
За влез во Албанија и Србија, македонските државјани може слободно да престојуваат и транзитираат без ПЦР тест, самоизолација или пак карантин (mfa.gov.mk).

Ова се само дел од државите каде македоснките граѓани може да патуваат, но под посебни ковид протоколи.

Ковид дигиталните пасоши всушност нема да бидат наменети само за оние кои се вакцинирани, туку истите ќе послужат за да во нив биде сместена состојбата на сeкој еден граѓанин. Всушност ќе биде потврда дали лицето е вакцинирано, резултати од Ковид тест за лицето кое не е вакцинирано како и резултати од заздравувањето на оние кои биле заразени со Ковид 19.

Втората дезинформација е дека ЕУ веќе има датум за воведување на дигиталните вакцинални пасоши.

Ковид пасошите ќе станат реалност побрзо од што мислиме: Европската комисија веќе има датум“ е насловот на текстот кој ќе го рецензираме, објавен на 1- ви март.
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, открила дека предлогот за ковид  – пасоши ќе се најде на маса веќе во март“, е првата реченица од текстот, во која ниту е конкретизиран датумот како што тоа се наговестува во насловот, ниту пат во оваа реченица некаде се открива дека ковид пасошите ќе станат реалност. Факт е дека станува збор за предлог за кој ќе се разговара, а потоа и ќе гласа, па усвојува.

Подолу во текстот се вели:

Европската комисија ќе претстави предлог за дигитални анти – ковид вакцинациски пасоши во март“.

Авторот открива дека Европската комисија најпрво ќе претстави предлог и тоа во месец март. Тука повторно немаме датум, кој читателите би го очекувале во понатамошниот дел од текстот.
Се’ до крајот на текстот, читателот е во неизвеснот за датумот од кога ковид пасошите ќе станат реалност, за да на крајот сфатат дека всушност конкретен датум нема. Читателите на овој начин се „намамени“ да кликнат на самата информација која во овој период кога патувањата се забранети може да предизвика надеж и очекување кај читателот, кој на крајот ќе сфати дека останува лажно или недоволно информиран.

Фактот го потврдува и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен на Твитер.
Според претседателката на Европската Комисја, Фон Дер Лајен дигиталниот „зелен пас“ ќе го олесни животот на Европејците. Таа во твитот, споменува „овој месец“ со оглед на тоа што твитот е објавен на 1 ви март, се мисли на тој месец, но ниту таа не потврдува конкретен датум, како што тоа е објавено во насловот од текстот, од кога ковид пасошите би станале реалност.

– Овој месец ќе поднесеме предлог закон за Дигитален зелен пасош. Целта е да се поднесе доказ дека лицето е вакцинирано. Оние коишто уште не можеле да добијат вакцини, да достават негативен тест, твитна претседателката на ЕК и увери дека овој предлог ќе ги почитува сите стандарди на ЕУ за заштита на личните податоци.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“, стои во еден од столбовите на етичките принципи врз кои се заснова Кодексот на новинари.

Точноста е дека Европската Комисија најавува предлог за ковид пасоши, фактот е дека тоа ќе го сторат во месец март, но не и на кој датум односно ден.

Светската здравствена организација на предлогот за воведување на ковид пасоши минатиот месец, предупреди на недостапноста на вакцините за секого, но и на постоењето на клучни непознати информации за ефикасноста на вакцината во намалување на преносот на вирусот.

Од СЗО на 18 ти минатиот месец изјавија:

Во овој момент, не воведувајте обврска за докажување на вакцинација или имунитет или имунитет за меѓународно патување, бидејќи се уште има клучни непознати информации за ефетивноста на вакцината во намалувањето на преносот, а вакцините не се целосно достапни за секого. Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалувањње на ризикот од зараза за време на патувањето“ предупреди неодамна Комитетот на СЗО.

Со оваа изјава на СЗО на почетокот на месец јануари оваа година се поставува прашањето колку „ковид пасошите“ кои се уште се само предлог ќе бидат прифатени од земјите членки на ЕУ. Северна Македонија се уште нема доволен број на вакцини за започнување на масовна имунизација, но тоа не ги спречува граѓаните на нашата земја да патуваат, бидејќи ПЦР тестовите за влез во друга земја се воведени како задолжители.

Според тоа, авторите на овие текстови пласираат дезинформации или полиунформации, бидејќи ниту се затворени границите на ЕУ за македонските државјани, ниту ЕУ донела дефинитивна одлука со датум од кога се воведуваат дигитални вакцинални пасоши.

Фотографија: https://6abc.com/

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.