ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/3/21 10:36 AM

Проблематична идентификацијата со „театар од Кадрифаково“ врз основа на ФБ статуси на двајца актери

Рецензираме текст под наслов „Директорката да не го спушта нивото на МНТ на ниво на драмска секција од Кадрифаково: Актерите против програмата на театарот“.  Со овој наслов се заведува читателот пренесувајќи два статуси од социјални мрежи на двајца актери, со што се добива впечаток дека се работи незадоволство од програмата на театарот сите 50 актери во МНТ.

Македонските актери го кренаа гласот против предложената програма на Македонскиот народен театар (МНТ).  Како што реагираат, институција со реноме, каква што е МНТ, не заслужува да има толку штура програма“, пишува Република и ги пренесува статусите на двајцата актери.

Пренесувањето на статус од социјалните мрежи на дигиталните медиуми не е нова пракса во македонското новинарство. И иако некои новинари тоа го нарекуваат „мрзеливо новинарство“, без амбиција да се доистражи и провери, други пак, сепак ваквите статуси ги пренесуваат и прават „вест“ од нив. Кога ставовите пренесени од фејсбук на поединци, се изедначуваат со цела група на засегнати луѓе, тогаш тоа може да биде искривување на реалноста.

Авторот на новинарскиот текст овие тврдења ги базира на пишувањата на своите лични профили на актерите Славиша Кајевски и Тони Михајловски.

Програмата на МНТ за оваа година во еден збор штура, да не употребам потежок збор. Барем се надевам дека колегите ќе успеат да ги извадат проектите, знаејќи колку им се работи. Се моли дирекорката да не го спушта нивото на МНТ на ниво на драмска секција од Кадрифаково!!! Без култура, нема иднина – реагира Славиша Кајевски во пренесениот статус.

Програмата за (не)култура, каква што е никаква, требаше да ја задоцнат 22 години, а не 22 дена – пишува Михајловски.

Новинарот, сепак бил должен да го информира читателот уште во насловот дека се работи за двајца актери. Вака, како што е напишан се има впечаток дека ова е став на сите актери, а тие според официјалната страна на МНТ, се вкупно 50. Што значи има уште 48 други актери, чие мислење, читателот авотматски е пренасочен да мисли дека е тоа потврден став на целиот анасмбл. Новинарот понатаму не направил истражување и не споделил со читателите дали останатите го делат истиот став. Со ваков наслов се искривува реалноста и знаејќи дека голем дел од граѓаните читаат само наслови, несомнено ваквиот наслов влијае врз толкувањето на содржината од страна на читателите и се креира погрешна слика.

Наведувајќи дека се работи за „штура програма“, читателот треба да му верува на збор на авторот, бидејќи не дава увид во таа програма, ниту каква било друга друга информација што ќе даде аргументи во прилог на ова тврдење. Авторот можел да сподели документ, врска до програмата или доколку е стручен во областа за која пишува да понуди споредбени информации со други тетари или со претходните години, кога театарот МНТ немал таква „штура програма“.

Во Кодексот на новинарите на Македонија, стои дека „новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.Доколку инфомрацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да секаже и да се објави“.

Во Насоките за етичко известување на онлајн медиумите во членот еден од Кодексот, пишува:„Онлајн медиумите нема да прикриваат или премолчуваат важни информации чие објавување би можело да влијае врз толкувањето или разбирањето на содржината од страна на читателите. Премолчувањето на фактите кои можат битно да влијаат врз формирањето на ставот за некој настан или личност е еднакво на намерно искривување на реалноста и создавање дезинформации“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7