ММС

Објавено на: 03/2/21 8:02 PM

Реџепи: Престрелката во која син ми е ранет е нарачано дело

После вчерашната престрелка во населбата Ѓорче Петров во Скопје, во која беше повреден Зеглул Реџепи, инспектор во МВР, се огласи и неговиот татко, поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ) Сулејман Реџепи во изјава за Лајм, пренесува Слободен Печат.

Реџепи вели дека неговиот син бил повреден додека бил на должност, но за среќа, се здобил со лесна повреда на ногата.

-Автомобил без регистарски ознаки го следел син ми. Бидејќи е вработен по професија во МВР, го забележал и застанал културно да го праша зошто го следи, но тој се свртел кон него и испукал три куршуми. Еден куршум се вратил откако удрил во автомобилот и полесно ја повредил ногата. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома, изјавил Реџепи.

-Немавме закани или нечисти сметки со никого. Не знаеме која е позадината. Сторителот мора да ја искаже намерата откако ќе се уапси. За нас несомнено е дека станува збор за нарачано дело, но случајот го оставивме во рацете на надлежните органи. Сторителот откако го изврши злосторството, автомобилот го оставил на улицата „Радушка“, за да го однесе до рампата во Сарај и да избега со друг автомобил”, го објаснува случајот Реџепи, а пренесува Слободен Печат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.