ММС

Објавено на: 03/2/21 2:00 PM

Oд Чемпионшип во Лига на Шампиони: Играчот на Рединг ќе потпише за Баерн Минхен

Неретките поврзувања и остварени трансфери на играчи од втората по квалитет најдобра фудбалска лига во Англија во екипите од првите топ дивизии во Европа, претставуваат уште еден доказ и потврда за квалитетот на Чемпионшип. Епитетот „најдобра втора лига во светот“ со сигурност е заслужен.

Левиот бек на препородениот Рединг предводен од Вељко Пауновиќ, Омар Ричардс, ќе потпише четиригодишен договор со актуелниот европски и светски првак, Баерн Минхен, јавува „Sky Sports“.

Трите месеци преговарање во континуитет вродија со плод и младиот Ричардс од лето се сели во Бундеслигата. Членот на У21 репрезентацијата на Англија, важи за еден од најталентираните и најдобрите поединци во Чемпионшип, а неговото доведување во Баерн Минхен навестува и поместувања по левата линија.

Дваесет и тригодишниот фудбалер во плановите на Ханси Флик би можел да го заземе местото на Алфонсо Дејвис на левата бековска позиција, додека пак фантастичниот Канаѓанец би отишол понапред во навалната линија на шестократниот освојувач за минатата година.

 

 

 

 

Фото:

skysports.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.