ММС

Објавено на: 03/2/21 1:34 PM

Последен поздрав за Миленко Савовиќ

Легендата на југословенската кошарка и белградски Партизан, Миленко Савовиќ, почина вчера на 61-годишна возраст како последица од коронавирусот.

Савовиќ пред еден месец бил примен во болница, а неговата здравствена ситуација во последните денови значително се влошила.

Атипичниот спортист кој слободното време го искористувал за „добар панк“ и „уште подобра книга“, роден е во 1960 година во Требиње. Професионалната кариера ја започнува во Партизан во 1977 и таму останува цели 12 години, претворајќи се во играчка легенда и апсолутен миленик на „Гробари“.

Кариерата ја продолжува во шпанска Гранада, а патиките на „клин“ ги остава во Војводина. Со „црно-белите“, Савовиќ трипати бил шампион на Југославија, попатно освојувајќи и три купови „Радивоје Корач“ во времето кога купот претставувал меѓународно натпреварување и два купови на СФРЈ.

 

 

Фото:

mozzartsport.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.