ММС

Објавено на: 03/2/21 1:03 PM

Фрајле добија конкуренција, и тоа згодна! КАМБИ сплитски машки состав кој добро пее и уште подобро изгледа

Ако досега Фрајле беа единствениот женски состав во регионот, од пред некое време девојките имаат конкуренција, и тоа машка.

Станува збор за сплитскиот состав Камби, кој постои околу една година и веќе во неколку наврати момците докажаа дека имаат сериозни музички планови.

Последниот во низата проекти им е темата со наслов „Заљубљен“ со која настапија на хрватската Дора и го имаа едниот од највпечатливите настапи.

„Заљубљен“ е вистинска бомба од песна! Тоа е, веројатно, најдоброто нешто кое сме го добиле во рацете. Станува збор за љубовна тема и не е балада, туку е исклучително енергична. Песната е со потписот на Макица (Марија Мирковиќ од Фрајле) и голема благодарност што ни овозможи да ја отпееме“, велат момците од овој состав, односно Сандро, Јошко, Јуре и Лука како водечки вокали, кои веќе снимија и мошне интересно видео.

Во темата момците и Марија ја опеваат префинетоста која секоја жена ја носи во себе, па не ни зачудува што стихот „… и мила и самовила…“ веќе го најде патот до срцата на бројните слушателки на овој сплитиски вокален состав, кој е пријатен и за гледање и за слушање.

Статичар, кинезиолог, солист во ХНК и техничар лаборант во Институтот за океанографија и рибарство се навидум четворица „обични типови“ кои ги спојува љубовта кон музиката и повеќегласното пеење. За себе велат дека се непоправливи романтичари, а публиката – дека се неверојатен спој и вистинско освежување во светот на клапите во кој дојде до тоа да е навистина невозможно да се разликуваат една од друга затоа што сите имаа сличен репертоар и начин на изведување на концертите. За визуелниот имиџ и не треба да се зборува.

Камби постои една година, и можеби заради пандемијата овие момци зад себе немаат многу настапи, но затоа веќе имаат низа соработки со познати хрватски имиња како Гулијано, Нено Белан, Роко Блажевиќ…

Секако, тука се и девојките од Фрајле со кои, велат, освен што досега соработувале како автори би сакале да си ги одмерат силите и вокално.

„Фрајле се прекрасни дами и врвни музичарки и би ни било чест да соработуваме со нив. Сорабоката со девојките би била сензација, невозможна енергија, бината би експлодирала“, велат момците од кои еден е во спортот, друг во градежништво, трет во театарот… „Што и да ви треба, одговорот е Камби“, се шегуваат.

Освен Макица како автор на „Заљубљен“ се потпишува Хрвоје Домазет.

Во продолжение линкови од видеото и песната:

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.