ММС

Објавено на: 03/2/21 12:43 PM

(ВИДЕО) Дончиќ асистира „како од шала“, на Словенецот за „влакно“ му избега трипл-дабл

Во првиот натпревар како 22-годишник во НБА лигата, словенечкиот репрезентативец го предводеше уште еднаш својот тим во победата од 130:124 против Орландо Меџик и беше на чекор од остварување совршен трипл-дабл учинок.

Лука Дончиќ буквално леташе по паркетот. Постигнуваше поени (33), имаше и повеќе од добар скок (10) и за една асистенција не стигна до три двоцифрени статистички бројки. Но од тие девет додавања кон соиграчите, кое од кое беше поатрактивно и поефективно.

Одбраната на Меџик не можеше во потполност да го контролира движењето на Словенецот и во моментите кога се чинеше дека овој ќе шутира – изненадување. Духот на Никола Јокиќ го облече дресот на Далас со број 77.

 

Судбината на Дончиќ го следеше токму и Никола Јокиќ изминатата вечер. Во победата над Чикаго Булс од 118:112, српскиот центар забележа 39 поени, 14 скокови и девет асистенции. Ѕвездата на франшизата од Колорадо не само што брилијираше во текот на целиот дуел, туку покажа дека е „клач“ играч и лидер, постигнувајќи 11 поени во последните пет решавачки минути.

 

 

 

 

Фото:

dallasnews.com

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.