ММС

Објавено на: 03/1/21 11:15 PM

Причината е емотивна: Зошто Кралицата Елизабета носи одела во впечатливи бои?

Овој април кралицата Елизабета ќе го прослави својот 92. Роденден и 66 години како е на тронот на Велика Британија.

Цело време, еден од нејзините заштитни знаци се комплетите во впечатливи бои. Овој стил на облекување посебно беше забележан за време на прославата на нејзиниот 90 роденден во 2016 година, кога носела неонско зелена комбинација и станала предмет на многубројни шеги на интернет.

Кралицата всушност има многу добра причина за ваквото облекување.

Таа сака во секој момент да биде препознатлива во масата и секој нејзин поданик да може лесно да ја види колку и да е оддалечен од неа.

Ова звучи прилично егоцентрично, но позади тоа всушност се крие многу емотивна приказна. За време на преземањето на власта, тогаш младата Елизабта, се заколнала дека ќе му служи на народот, а упатени во тоа велат дека таа улога многу сериозно ја сфатила и се придржува до неа и до денес.

Носејќи впечатливи комплети кралицата симболично порачува дека секој поданик на својата држава дека е тука за него и тој може да ја види.

-Мораат да ме видат за да веруваат во мене, рекла Елизабета уште како девојка.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.