ММС

Објавено на: 03/1/21 6:49 PM

Полицијата го регулира сообраќајот на Плетвар по несреќата кај Топлица

 Полициски службеници го регулираат отежнатиот сообраќај на патниот правец Прилеп – Градско, кај местото Топлица, по една сообраќајна лента,  откако тешко товарно возило се преврте на патот.

-Околу 16 часот на патниот правец Прилеп – Градско тешко товарно возило се преврте во близина на Топлица, при што настана застој во сообраќајот, а забрана за движење имаа сите лесни патнички и тешки моторни возила – камиони, информира АМСМ.

Полицијата прави увид на местото на несреќата.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.