ММС

Објавено на: 03/6/21 7:00 PM

Секоја емоција ја изразувам преку слика – Теодора Мирческа во уметноста бара засолниште од реалниот свет

Четката како алатка за изразување на емоциите ја користи Теодора Мирческа, која, како што вели, бега од реалниот свет, се поврзува со својата душа и креаира дела кои целосно ја карактеризират нејзината личност.  За неа создавањето на уметничката слика е израз на сопствените емоции. И секоја слика за неа има посебна приказна и убавина. Инспирацијата ја црпи и од нејзините патувања. Од последното патување во Куба  се фацинирала од културата, народот, традицијата и сето тоа го пренела и на слика. За ММС откри дали постои тешко или лесно дело и дали постојат правила кога станува збор за уметноста.

Имате завршено средно уметничко училиште, но сте избрале друга професија, како едното со другото го спојувате?

– Да, завршив средно уметничко училиште меѓутоа сплет на околности образованието го продолжив на Педагошки факултет, а моите работни обврски се во Телекомуникации кои немаат допирна точка со уметност. И токму поради неспоивото со уметноста, сликањето го користам како издувен вентил за опуштање.Творењето и создавањето на една слика е мој мал свет на духовно исполнување со безвременска преокупација.


Интересна техника користите за вашите слики, можете да ни објасните за што точно станува збор?

– Употребувам акрил на платно, “финишот” најчесто е со “сува четка” во зависност од тоа што го сликам. Ги користам и пастелот и јагленот, сакам да експериментирам ,ја сакам слободата што ја има уметникот во својата експресија.

-Според сликите можеме да заблежиме дека ве фасцинираат ликови од Куба, зошто овој народ, што посебно пронајдовте кај нив за да црпите инспирација?

-Куба веднаш ме плени со својата егзотика, шарм и харизма, со кубанските цигари, музика, олдтајмери, колоритни градби, најубавата тиркизна нијанса, срдечноста и насмевката кај луѓето. Едноставно не можев да останам “имуна” на тоа и веднаш отвори нови димензии во мене. Сеуште имам инспирации од тоа патување кои ќе ги изразам во следниот период.

Дали, те инспирира македонската жена?

-Македонскиот идентитет, култура и историја, со тоа и македонската жена е ризница на инспирација, имам размислувано на таа тема, едноставно ќе дојде вистинскиот момент кога ќе се најдат на “менито” на моето творештво.

Уметникот секоја емоција знае да ја наслика со четка, имате ли некоја слика која ви ја открива душата, и која со еден поглед можете да си го видите вашиот живот?

-Секако, може и да претпоставите нели дека тоа е лик од Куба.Тоа е оваа слика што и многумина ме имаат препознаено и ми имаат кажано дека наликува на мене.

Дали знае некоја тажна или среќна приказна да Ве натера да фатите четка во рака и ги изразите емпатиите?

-Уметноста е израз на сопствени емоции. Секоја слика си има свое значење,вредност и чувства. Има конкретен расплет, секој на свој начин ја доживува и си создава своја приказна што му влева посебна убавина на делото.

Која е најтешката тема за сликање, а која најлесна?

– Во уметноста нема правила и норми, нема тешка или лесна тема, едноставно постои енергија и набој за изразување. Си поставувам свои предизвици, важно е дека никогаш не се откажувам колку и да ми изгледа нешто комплицирано, секогаш во прав момент доаѓа моќта и страста за делото да се заврши и конечно пред себе да го видиш тоа што длабоко си го чувствувал.

Кога имате најголема инспирација да цртате, кога знаете да фатите четка и да насликате некое дело?

-Нема правило, има денови кога еден потег со четка го правам три часа и едноставно не оди за да истиот потег го завршам следниот ден за 15 минути. Има денови кога воопшто не ми се фаќа четка во рака за да после тоа сликам и цел ден. Едноставно го следам тој импулс за да може мојата креативност да дојде до израз.

Ни се случи пандемија, светот застапна, застанаа и плановите, знам дека имавте во план да направите изложба, па дали знаете конечно тоа ќе се изреализира?

-Ако јас се прашувам изложбата би ја направила веднаш, меѓутоа со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме за тоа ќе почекам бидејки како моја прва самостојна изложба сакам да биде дружба со посетителите.

Весна Петровска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.