ММС

Објавено на: 03/1/21 2:33 PM

Цела Македонија по риба во Дојран

Рибарите од цела Македонија се собраа викендов во Дојран. Како што велат, причината е што во овој период се најголеми  карашот и црвеноперката. Кога дел од нив прашавме од каде се се дојдени рибарите во Дојран, тие ни рекоа- од каде не, од цела Македонија.

Дополнително задоволство на рибарите им беше што времето им се погоди,  беше сончево, невидена пролет среде зима, па можеа комотно да уживаат во нивната страст- рибарењето.

Нормално, не им посакавме среќа, бидејќи она што строго е забрането да се каже на рибар е- ај со среќа!

Погледнете како уживаа рибарите во Дојранско езеро.

Фото: Вангел Тануровски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.