ММС

Објавено на: 03/1/21 12:40 PM

Чување гулаби пасија на тетовци

Се повеќе млади лица во Тетово и покрај модерната технологија го наследиле хобито од нивните родители за чување гулаби. Еден од нив е и Ведут со неговиот брат Фарук Османи, кои во својот двор чуваат гулаби, меѓу кои и познатата тетовска раса на гулаби.

Во Домот на семејството Османи лоциран во близина на центарот на Тетово, откако е изграден уште во 1964 година се чува гулаби. Усеин таткото на Ведут и Фарук, вели дека откако знае за себе чува гулаби, а радосен е како што вели што ова хоби го презеле неговите деца.

Вели меракот е голем. Некои со гулаби прават бизнис ги продаваат и препродаваат, но тој и неговите синови ги чуваат како што вели за мерак. Највеќе се радуваат на тетовската раса. Но таа се се помалку ја има, затоа што старите турци кои се отселиле во Турција, со себе ја зеле и оваа специфична раса на гулаби.

Синовите Фарук и Ведут велат дека модерната технологија ја пратат, но тоа не значи дека не треба да бидат поблиски до природата и до најмирољубивите најинтелегентните птици.

 

 

 

 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.