ММС

Објавено на: 03/1/21 12:26 PM

Требаше јас да умрам а не Цицо – Ќиро Блажевиќ скршен поради смррта на Крањчар

Златко Цицо Крањчар почина денес во Загреб на 66-годишна возраст по кратко и тешко боледување.  Смртта на Динамо и хрватската легенда брзо се прошири во фудбалските кругови, а еден од првите што ја дозна веста беше Ќиро Блажевиќ.

“Не можам да станам од кревет од шок. Не знам што да кажам. Пред некој ден се слушнав со неговиот лекар. Знаев дека е слаб, но не знаев дека е толку лошо за да си замине” рече Ќиро на работ на солзи, додавајќи:

“Сите чекаат јас да заминам, а Цицо замина. Мене ми беше време, а не нему. Ох, страшно, многу сум тажен, што да ти кажам?”

Ќиро го водеше легендарниот тим на Динамо од 1980 до 1983 година, во кој Златко Крањчар беше еден од главните играчи. Со Цицо и други великани, во 1982 година ја освои легендарната титула шампион на Југославија.

Извор и фото: index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.