ММС

Објавено на: 03/2/21 11:00 AM

Нема поголема среќа, кога ќе направите некого среќен – Симона Јовчевска е уметник кој црта со талог од кафе

Уште во дамнешните времиња уметноста постоела, луѓето кои живееле во пешетрите својата уметност ја изразувале на карпите. Низ веквите, како што и самиот човек еволуирал, така еволуирале и уметностите. Уметност можеме да најдеме насекаде околку нас само кој знае да ја препознае.

Нашата соговорничка Симона Јовчевска својата уметност ја изразува, верувале или не со талог од кафе. Кој би рекол дека од кафето кое секое утро го пиеме може да се направи уникатно дело од кое ќе останеме воодушевени. Симона е мајка и вработена е во „Националната опера и балет“, па вели дека сака во животот да го поместува „нормалното“ и да испишува нови предизвици. Таа ни открива колку трае нејзиниот ден и што за неа што преставува „8 Март“.

-Денот е ист за сите нас , но она што за мене претставува еден ден е една бескрајна низа на можности. Сакам да го поместувам она што е “нормално” и да испишувам нови предизвици во животот . Моментално и со сите тие обврски студирам  и на  Филозофски факултет – институтот за психологија , кој е мој втор факултет и кој што претствува уште една мотивација и инспирација за сето она што денот го носи, вели таа.

 Да се созаде уникатна идеја воопшто не е лесно, но Симона успеала да ја препознае уметноста од нејзиното секојдневие, и нејзината љубопитност да ја донесе до посакуваниот резултат.

– Многу спонтано. Често ја употребувам фразата дека сликањето е ” болест “, исказ на  еден мој пријател уметник , која често ја употребувам . Од што се можам да цртам ? На што се можам да цртам ? Се прашањата кои што ги поттикнуваат сите мои идеи ,  иако ова е многу рационално кажано , затоа што едноставно имате потреба да го правите тоа  , потребата е поголема од целта, додава таа.

За една слика од талог од кафе на Симона  се потребни од 30 минути, а некогаш и денови, се зависно од нејзината инспрација за творење, но и открива колку трае една нејзина слика од талог, а покрај сликите изработува и честитки.

-Времето кај мене е многу релативно , може да биде во еден здив , 30 до 40 минути , но може да биде и денови. Се следам себе , мојата инспирација и моментот кога можам најубаво да творам . Тоа е како чувството за глад , мора да се нахраните.  Она што го покажува тестот на времето е дека кафето не губи од својот интензитет со текот на времето и сликата останува онака како и што е насликана во моментот. Листовите на кои цртам се специјални листови , кои пред да ги дадам исцртани  на клиентите, ги врамувам.  Тоа ме радува , затоа што трајноста и за мене беше едно прашање на кое што во самиот почеток немав одговор, објаснува Симона.

Не за џабе се вели дека ако еднаш  направите некое дело, тука не застанувате, па така и Симона од уметничкит слики,  продолжува со изработна на стилизирани чадори па и да не обожувате дожд покрај овој асесоар ќе го засакате.

-Чадорите се мојата пасија , моето ” платно” каде што успеав првенствено да се истражувам , изразувам , и да ја создадеме таа убава креативна магија.На нив цртам со специјални водоотпорни бои ,   но исто така за да го постигнам саканиот резултат поминав еден процес , искуство со боите, нивно комбинирање за на крај  сето тоа да биде успешно и трајно, вели Симона .

 Во Македонија рачната изработка речиси и да не се цени, па затоа нашата соговорничка ја прашавме дали кај нас може да се живее од креативни изработки кои еден уметник ја вложил душата во тој производ.

-Ако цените се пониски, да ,  може да се постигне задоволителна заработка,  затоа што и нарачките  кои ги добивате се почести затоа што се подостапни. Но, во континуитет е незвоможно , затоа што она што и рачната изработка ја прави вредна е времето кое е потрошено за негова изработка и трудот, вели таа.

  По повод „8 Март“ неизбежно беше прашањето, дали мажите знаат нешто убаво да подарат за своите најблиски, но и што таа повеќе сака да подарува или да и подаруваат.

-Малку се насмевнав во себе на ова прашање… На мажите најчесто им е потребна помош, и слободно ја бараат. За разлика од жените , навистина се едноставни и  без тие посебни барања. И двете, но разликата е суштинска. Кога подарувам и кога правам нешто за некого, среќата што ја гледам во очите на другиот е како да сум го израдувала целиот свет , тоа чувство неможе да го замени ништо друго. Нема поголема среќа кога сте направиле некого среќен, а кога добивам подарок среќата е во моментот дека некој го почувствувал иститот порив за подарување кон мене, искрена е Симона.

За тоа колку Денот на жената аа Симона е значаен, таа вели дека значајно и е што овој ден ја одбележува борбата на жените за рамноправност со мажите, за денес да ја ужива слободата на рамноправноста  што некој се изборил пред нас.

Ќе го поминам тоа клише од зборови дека секој ден треба да биде ден на жената, што во суштина и да , така е. Но да не заборавиме колку поводот не насочува навистина тоа да го направиме , затоа што како луѓе умееме да ги поттурнуваме нештата , а ретко кој умее тоа и беспричински да го прави. Значаен е од една друга перспектива , многу често зборувам дека ние го живееме ова што ни е дадено денес  заради она што се случило низ текот на историјата, времето. Денот на жената кој ја обележува борбата на жените за рамноправност со мажите ми значи многу, заради тоа што денес јас, ние жените ја имаме слободата на самоактулизирање, а тоа не се постигнало само заради тоа што сме 21 век. Денес работам како оперски пејач, уметник, поради таа слобода, рамноправнста што некој се изборил ние  да ја живееме и уживаме, вели Симона.

Весна Петровска

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.