ММС

Објавено на: 03/1/21 10:14 AM

Познат идентитетот на удавената жена од Штип

Жената што вчера по 11 часот беше пронајдена во водите на реката Брегалница кај Штип е идентификувана од сопругот. Се работи за 48-годишната С.К. чие тело беше пронајдено покрај пешачката патека во месноста Стара Кланица.

-Телото е пронајдено од минувачи и е предадено на обдукција. На местото на настанот излегоа екипи на СВР Штип и Јавното обвинителство, соопшти СВР Штип.

Според информациите од Основното јавно обвинителство од Штип, обдукцијата е завршена синоќа и утврдно е дека нема траги на насилство.

-Телото било во вода неколку часа. Нема траги на насилство, соопштија од Обвинителството во Штип.

Од штипската полиција потврдија дека не била пријавена за исчезната. Првичните информации укажуваат дека жената излегла од дома рано наутро. Во полицијата било пријавено во 11.20 часот дека е забележано тело на жена во реката. Истрагата ги утврдува причините за давањето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.