ММС

Објавено на: 02/28/21 5:12 PM

Пукање во скопско Љубанци, нема повредени

Синоќа во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека имало пукање со огнено оружје во с.Љубанци, скопско. Полициски службеници излегле на местото и по преземените мерки било констатирано дека во наведеното време во с.Љубанци настанала расправија помеѓу А.С.(24) од с.Волково, скопско и М.С.(26) од с.Никиштане, скопско, од една страна и А.Ј.(20) од с.Љубанци и Ф.Д.(22) од с.Радишани, скопско, од друга, по што А.С. бил физички нападнат.

Според пријавеното, М.С. помислил дека и тој може да биде нападнат и испукал неколку куршуми во воздух и заминал од местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.