ММС

Објавено на: 02/28/21 4:02 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Единствена средба за која знаеме е таа на Заев со Мијалков

Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ, за наводни средби на Мицковски со Сашо Мијалков во Мериот.

„Единствената средба за која знаеме е таа на Заев Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ. Единствената средба за која знаеме е таа на Заев Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ. А ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница.
Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков. Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни,реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.