ММС

Објавено на: 02/28/21 3:55 PM

СДСМ: Мицкоски често одел во „Мериот“ во последните недели, се сретнал ли и со Мијалков?

Во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во хотелот Мериот, соопшти СДСМ.

„Дали во Мериот имало и други средби, со Сашо Мијалков на пример, најповикан е да одговори Христијан Мицкоски. Зошто од толку хотели во земјава, во главниот град, се организираат партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и УМС токму во Мериот нека ценат граѓаните. Можеби поради долгот на Мицкоски кон  Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ? Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот Тврдина-Таргет. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност. Правдата и силната реакција на институциите го спречија сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков. Правдата е тука, законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните“, се вели во соопштението од владејачката партија.

фото-википедија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.