ММС

Објавено на: 02/28/21 3:45 PM

„Синофарм“ ни го вратил авансот за вакцините

Од Министерството за здравство потврдиле дека Кина ѝ ги врати парите на Македонија за вакцината на „Синофарм“, објави Канал 5.

„ Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината „Синофарм“, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против ковид-19 од производителот „Синофарм“ во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја – велат од Министерството за здравство.

Од  ВМРО-ДПМНЕ вчера објавија дека имаат информации оти е вратен авансот кој Владата го платила до кинеската фирма. Од партијата потенцираа дека имаат информација дека Македонија нема да ги добие кинеските вакцини во наредниот период.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.