ММС

Објавено на: 02/28/21 3:07 PM

Приведени двајца државјани на Косово на ГП Табановце, приложиле патни исправи на македонски државјани

На Граничниот премин Табановце вчера во 12.35 часот од слобода биле лишени З.Е.(25) и Х.Д.(27), двајцата од Косово, затоа што на увид и пасошка контрола приложиле туѓи, односно патни исправи на двајца македонски државјани.

„ Идентитетот им бил утврден откако бил извршен преглед на нивниот личен личен багаж и биле пронајдени  нивните лични документи. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.