ММС

Објавено на: 02/28/21 12:22 PM

Казнети 134 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден во рамки на зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, санкционирала 134 лица.

Како што денеска соопштија од МВР, од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.