ММС

Објавено на: 02/26/21 11:00 PM

(ВИДЕО) Миротиќ во бес го искина сопствениот дрес

Фаулот во напад и неправедната судиска одлука по негово мислење, го натера поранешниот НБА играч на Њу Орлеанс и Милвоки Бакс да го искине сопствениот дрес на мечот против француски Асвел.

По примерот на Марк Гасол и Дарко Миличиќ своевремено, како што и кажува коментаторот на видеото, во последните секунди од првиот дел судијата го прекина нападот на Барселона поради недозволена игра во офанзива од страна на крилниот центар на главните фаворити за освојувањето на Евролигата.

Шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло не ја прими судиската одлука мирно и бесот го искали врз сино-црвениот дрес на Каталонците.

 

Екипата предводена од Шарунас Јасикевичиус на крајот загуби од францускиот претставник со 69:76 , но ја задржа првата позиција на табелата пред ЦСКА Москва и Олимпија Милано.

 

 

 

Фото:

еurohoops.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.