ММС

Објавено на: 02/26/21 7:25 PM

Третина од дефектот од новиот водовод во Тетово е саниран, кога ќе добијат тетовци вода не се знае

Третина од дефектот од новиот водовод во Тетово е саниран, кога ќе добијат тетовци вода не се знае

Третина од дефектот од новиот водовод во Тетово е саниран. Кога ќе се санираат останатите две третини по што градот ќе биде снабден доволно со вода не се знае. Важно како што велат од ЈКП Тетово е што е утврдена локацијата на дефектот каде е пукната цефка во должина од 60 метри.

Од ЈКП Тетово велат дека дваесетина метри од цефководот веќе е сменет. Горе на Лешница на околу 6 километри од село Бозовце каде е лоциран дефектот е однесен материјалот, а наши екипи работаат на санацијата вели раководителот на секцијата водовод и канализација при ЈКП Тетово Љулзим Шаќири

Прогнозите беа дека целосно ќе се санира дефектот оваа сабота, но се работи за непредвидлив и непристапен терен.

Тетово веќе четврти ден е без вода за пиење, откако поради лизгање на земјиште се оштети цефководот во должина од 60 метри, по што новиот водовод е исклучен од употреба. Сега во функција е само стариот водовод кој заедно со четирите бунари носат вода во градот околу 150 литри вода во секунда, што не е доволно да ги задоволи потребите на граѓаните. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.