ММС

Објавено на: 02/26/21 6:07 PM

Службена победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер против Рајн-Некар Левен

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го регистрира со службен резултат натпреварот од деветтото коло на групата Д на Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен.

Недоаѓањето на германската екипа во Битола значи службена победа на македонскиот претставник со 10:0.

Со овие два бода, ракометниот клуб на Еурофарм Пелистер, во пресрет на последното десетто коло и натпреварот во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен, на табелата сега има 11 бодови и реална можност за учество во следна фаза од европската ракометна лига ЕХФ.

 

 

 

Фото:

sueddeutsche.de


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.