ММС

Објавено на: 02/26/21 6:06 PM

(ВИДЕО) Северина објави нов филм – „Како да се претворам во Северина“

Хрватската пејачка Северина на Јутјуб објави филм „Како да се претворам во Северина“.

Документарниот филм е снимен за време на турнејата „Здраво Маријо“ во 2009 година.

„Како да се претворам во Северина“ е црно-бел филм кој трае 35 минути и ги прати нејзините подготовки за концерти, од проби, шминкање, до разговор со соработниците и новинарите.

Прикажани се и сцени од дружење и опуштање, а во филмот се појавува и тогашниот вереник Славко Шаиновиќ.

Крајот на документарецот прикажува сцена од нејзиниот белградски концерт кој е одржан во рамките на турнејата, а дава и увид во подготовките кои му претходеле.

Извор: B92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.