ММС

Објавено на: 02/26/21 5:36 PM

Оваа актерка ќе ја замени Саманта во „Сексот и градот“?

Обожавателите со нетрпение го очекуваат продолжението на серијата „Сексот и градот“, која во новата сезона ќе има десет епизоди.

Иако бевме навикнати на четворката која беше беспрекорна, во новата сезона ќе изостане Ким Картал, која се прослави со улогата на Саманта. Сепак, според пишувањата на американските медиуми, продуцентите бараат адекватна замена, па се побројни се спекулациите дека легендарниот лик на Саманта Џоунс ќе ја глуми актерката Џенифер Колинџ, која сите ја паметат по улогата на мајката на Стифлер во „Американска пита“.

Нагодувањата околу тоа дали ќе се појави во серијата, ги прекина и самата актерка која за време на гостувањето во една емисија објасни зошто не сака да се појави во култната серија.

-Никој неможе да ја замени Ким. Бев и сеуште сум голем обожавател на серијата. Тоа е една од оние серии кои никогаш не здосадуваат, репризите можеш да ги гледаш безброј пати и нема да биде доста. Но не сум само јас во прашање, никој, апсолутно никој неможе да ја замени големата Картал, таа е едноставно совршена, заклучила актерката.

Серијата ќе се базира на љубовните животи, сега веќе 50-годишната Кери Бредшоу, Миранда Кер и Шарлот.

Извор: Espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.