ММС

Објавено на: 02/26/21 2:28 PM

Протест за Монструм: Полицијата им го попречи патот на демонстрантите (Видео)

Полициски гордон кај „Мавровка“ ја блокираше попладнево поворката на демонстрнантите кои  протестираат во знак на незадоволство од пресудите во случајот Монструм. Тие ја повикаа полицијата да им го ослободи патот за да продолжат кон Кривичниот суд. Демонстрантите порачаа дека правниот систем е корумпиран, а закачија и транспарент со натпис Криминална влада.

Уште пред да почне протестот, полицијата се распореди околу судска палата, а поради ваквиот настан неколку сообраќајници во Скопје се блокирани. Во меѓувреме, ЈСП Скопје информираше дека дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање.

Видео: youtube / 360stepeni


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.