ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/26/21 1:38 PM

Струмичани се поколонија пред споменикот „Македонија“ подигнат во чест на Борис Трајковски

Струмичани ја одбележаа годишнината од смртта на својот сограѓанин и претседател Борис Трајковски кој во 2004 тата загина во авионска несреќа кај Мостар. Пред присутните граѓани за животот и делото на Трајковски зборуваше првиот човек на општина Струмица Коста јаневски. Тој подвлече дека Трајковски беше човек кој ги почитуваше сите и силно се бореше за државата да биде членка на европското семејство и северноатлантската алијанска. Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски кажа дека со неговите дела секогаш ќе остане во сеќавањата на струмичани.

,, Успеа за кус временски период да се носи со бројните тешки предизвици, посебно во 2001 воениот конфликт кога претседателто Трајковски со голема мудрост успеа да спречи поголема ескалација на конфликот. Тој имаше богати државнички активности, работеше на подобрување на економијата, влеза во сите македонски градови и села за да ја виде Македонија во ЕУ и Нато,, кажа Јаневски

Пред споменикот Македонија подигнат во чест на Борис Трајковски свежо цвеке положија и преставници од централната власт, политички партии , негови роднини и организации а ОК на ВМРО ДПМНЕ традиционално засади дрвце во непосредна близина на споменикот .

В. Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1