ММС

Објавено на: 02/26/21 1:20 PM

Туфегџиќ: Извинете, не сум тремаџија, но ми се одзема гласот поради маската

Судијата Владимир  Туфегџиќ  веднаш откако  рочиштето, неколку пати подзастануваше во зборувањето, па на крајот се одлучи да даде пет минути пауза, поради, како што рече проветрување.

-Согласно препораките за заштита на судот  од пандемија, судот дава пауза од пет минути, ве замолуваме да ја напушптите салата за да се проветри и прозорите да се отворат, рече судијата Владимир Туфегџиќ на објавување на пресудата за предметот „Таргет-тврдина“.

Но, откако побара пауза на колешаката и се повери, а тоа можеше да се слушне,  дека вистинската причина  е што нему му се одземал гласот читајки.

-Ми се одзема гласот.  Што се случи, не знам што ми се случи, мене гласот ми се одзема. Јас не сум тремаџија меѓутоа ми се одзема гласот, рече тој.

По завршување тој се извини на сите и рече дека е проблемот настанал поради маската.

-Јас чувствувам потреба да се извинам на сите, да не замерат за мала недоследност на почетокот бидејќи повеќе е од човечка проирода поради маските и никој на тој дел да не замери, рече Туфекџиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.