ММС

Објавено на: 02/26/21 11:40 AM

Пробајте го овој чај за слабеење од три состојки – се прави брзо, а делува уште побрзо

Пролетта е на прагот. По долгата втора пандемиска зима, треба да останете здрави, нормални и убави, па затоа е вистинско време да започнете со детоксикација на вашето тело и да се ослободите од зимските наслаги.

Секако, тоа значи дека треба да ја намалите количината на храна, да се занимавате со некоја умерена физичка активност, но да пиете повеќе течности, на пример чаеви или пијалоци кои го забрзуваат метаболизмот.

Денеска е ден за чај за слабеење, кој се прави брзо, делува буквално уште во првите  24 часа, а  вклучува само три состојки. Многу луѓе кои го пробале биле задоволни од оваа прекрасна комбинација.

Еве што ви е потребно:

-зелен чај

-цимет

– ловоров лист

Подготовка

Варете 800 мл вода, тргнете ја од оган, а потоа додадете едно стапче цимет, три ловорови ливчиња и рамна лажица зелен чај. Покријте и оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете.

Кога станува збор за метаболизмот, важно е да се знае дека најдобро време за негово забрзување е рано наутро, веднаш по будењето. Значи, испијте една шолја од овој чај на празен стомак.

Втората чаша можете да ја пиете веднаш по појадокот, а третата навечер, непосредно пред спиење.

Со три шолји од овој чај на ден, значително ќе изгубите тежина, особено на критичните точки на телото, како што се стомакот, бутовите и задникот, а првите резултати се видливи по една недела.

Оние кои го пробале овој чај велат дека подобрувањето се чувствува после 24 часа, иа подобро варење, а по првата недела, во просек, губите околу осум сантиметри во половината!

Сите три состојки на овој пијалок согоруваат маснотии и го забрзуваат метаболизмот, а се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и слабеење треба да биде пропратен со урамнотежена исхрана и умерена физичка активност.

 

Извор и фото: 24sedam.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.