ММС

Објавено на: 02/26/21 10:49 AM

УНИЦЕФ постигна договор со „АстраЗенека“ за обезбедување вакцини против Ковид-19 за 85 земји

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпиша договор со „АстраЗенека“, со цел да се обезбедат 170 милиони дози вакцини против Ковид-19 за 85 земји, пренесува aгенцијаta Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди УНИЦЕФ.

Во соопштението се вели дека помеѓу УНИЦЕФ и „АстраЗенека“ е постигнат договор за обезбедување вакцини против Ковид-19 во име на Програмата за вакцини на Светската здравствена организација (СЗО), „Ковакс“.

Во рамки на потпишаниот договор, УНИЦЕФ од „АстраЗенека“ ќе обезбеди 170 милиони дози вакцини за 85 земји.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.