ММС

Објавено на: 02/26/21 10:47 AM

(Вознемирувачко видео) Како е убиен шетачот на кучиња на Лејди Гага

Додека поп-ѕвездата Лејди Гага е во Рим, каде го снима својот нов филм „Гучи“, синоќа се случи вистинска драма покрај нејзината вила во Малибу.

Нејзиниот чувар и шетач на кучиња наводно бил убиен, а две од трите француски булдози со кои живее со години биле киднапирани.
Американските медиуми дојдоа до снимката која е видно вознемирувачка.

Како што може да се види на видеото, чуварот на Лејди Гага ги шеташе трие булдози во Франција – Азија, Коџи и Густаво, се додека не застана автомобил, од возилото излегоа двајца разбојници.

Тие се обиделе да ги киднапираат кучињата и во расправија со чуварот двапати пукале во него.

Тој врескаше и стенкаше цело време: „Те молам, ме застрела, помогни“, се слуша на видеото.

Напаѓачите веднаш заминале од лице место.

Соседтката не сакаше да го објави видеото од безбедносните камери, сè додека не стапи во контакт со Лејди Гага, која изрази желба видеото да биде објавено за полицијата да може да ги најде сторителите.

Соред наводите, „NBC LA“, нејзиниот чувар по инцидентот бил однесен во болница, каде починал, но таа информацција официјално не е потврдена.

Извор: nova.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.