ММС

Објавено на: 02/26/21 10:07 AM

Угостителските објекти и трговските центри во Србија за викенд само до 14 часот

По опуштањето кај луѓето во однос на почитувањето на мерките откако почна интензивното вкцинирање во Србија против Ковид19, Кризниот штаб утрово одлучил трговските центри, кафулињата и рестораните за викенд да работат до 14 часот, оbјавуваат српските медиуми.

Усллужните дејности, како фризерски салони, ќе може да работат до 20 часот. На бензинските пумпи по 14 часот ќе може само да се точи гориво.

Како што пренесува РТС, во Србија досега се извршени 1.375.872 вакцинации против Ковид-19, а две вакцини добиле 497.729 граѓани. Според бројот на вакцинирања на еден милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија, а според процентот на граѓани кои ги примиле двете дози вакцина Србија е прва во Европа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.