ММС

Објавено на: 02/26/21 10:06 AM

Мијалков пристигна во Кривичен: Денеска ќе ја чуе пресудата за Таргет-Тврдина

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков штотуку пристигна во Кривичниот суд во Скопје. Тој денеска треба да ја слушне пресудата за предметот Таргет-Тврдија каде е обвинет заедно со уште единаесет лица – неговиот шеф на кабинет во УБК Тони Јакимовски, поранешниот началник на Петтата управа на МВР Горан Грујевски, поранешната началничка во МВР Надица Николиќ, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК.

Грујевски и Бошковски сепак одлуката ќе ја дознаат додека се во Грција каде побегнаа за да го избегнат притворот кој им беше одреден во јули 2017-та година. Тие во Грција добија и азил со што им се овозможи слободно движење низ земјата.

Предметот Таргет -Тврдина се однесува на нелегалното прислушкување, а обвинетите се товарат за „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.