ММС

Објавено на: 02/26/21 9:58 AM

Интимни детали за кои јавноста не знае: Тања Савиќ знаела за кого се мажи, но морала да стапи во брак

Тања Савиќ со месеци се бори за своите синови кои нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ, како што и самата изјави ги однел во Австралија без нејзина согласност.

Тања сега повторно отворено зборува за борбата што ја води речиси 10 месеци.

Пејачката откри детали за целата ситуација и без влакно на јазикот зборуваше за бракот, сопругот Душан и сè што преживеала а криела од јавноста.

– Последен пат со децата се видов во април минатата година, сè се одвива многу бавно поради корон вирусот. Никој не зема во предвид како се чувствува мајката без децата, ова трае предолго, доста ми беше од сè, судењето требаше да биде на 19-ти, но се одложи и сум во шок. Сега имам комуникација со децата, благодарение на судот во Австралија, редовно ги слушам – рече Тања и објасни како нејзините синови реагираат на целата ситуација.

– Тие некако го кријат тоа, на крајот на краиштата тие се деца, на самиот почеток реагираа многу потешко затоа што не беа подготвени за оваа ситуација, но мислам дека сега разбираат, сега психолозите и судот се вклучени во целата приказна. Тие знаат дека мама го тужи тато, мислам дека им е полесно по тоа прашање, сега тие знаат што се случува – објасни Тања во една позната српска емисија.

Тања истакна дека со сопругот Душан нема никаков контакт, тој и рекол никогаш да не го бара и таа го почитува тоа. На прашањето кога сфатила дека Душан е „таков човек“, одоговорот на Савиќ ќе ве изненади.

– Веднаш сфатив, но мислам дека веќе беше доцна зошто бев бремена. Потоа, ги гледате работите што не ги сакате, но ги затворате очите и размислувате „ќе го сменам“. Мислев дека ќе успеам во тоа, неверојатно е. Не ги мразам мажите, далеку од тоа, има жени кои прават сè за да манипулираат со маж. И мажите го прават тоа, но колку што знам жените го прават тоа почесто, открила таа.

 

Извор и фото: Ало.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.