ММС

Објавено на: 02/26/21 6:56 AM

Време: Сончево, денеска до 21, утре до 23 степени, од недела пад на температурите

Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималните температури од -1 до +3, а дневните од 16 до 21.

Од сабота попладне ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, а ќе има и повремено зголемување на облачноста. Од недела ќе има позначителен пад, особено на дневната температура.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.