ММС

Објавено на: 02/25/21 11:42 PM

(ВИДЕО) Гвардиола: Причина за нашата победничка серија? Имаме пари за купување одлични играчи

По бавниот старт на сезоната, Манчестер Сити „стави во втора брзина“ и се истакна како главен фаворит за освојување на титулата во Премиер Лигата, но и во Лигата на Шампионите.

„Граѓаните“ со вчерашната победа во првиот дуел од 1/8 финалето во најелитното клупско светско натпреварување, ја забележаа својата 19-та победа по ред во сите натпреварувања.

На прашањето по завршувањето на двобојот во Германија „која е главната причина за неверојатната победничка серија“, шпанскиот стратег на кормилото на Сити имаше интересен и саркастичен одговор. Според Пеп Гвардиола, парите се „виновници“ и можноста со нив да се купат најдобрите фудбалери на светот.

-Ние имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи. На крајот од денот, ние победуваме за пари, изјави Гвардиола, реферирајќи на непочитувањето и дискредитирањето на неговиот учинок во овосезонското издание на Манчестер Сити.

 

Под превезот на сарказмот, Гвардиола можеби и ја кажа непријатната вистина, но кога клубот кој го водиш победнички маршира, ваквите изјави веројатно и „држат вода“.

 

 

 

Фото:

goal.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.