ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/25/21 11:07 PM

Претседателот на Азербејџан, Алиев: Ерменија никогаш не била во ваква жална ситуација

Ерменија никогаш не била во ваква жална ситуација, рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, при што истакна дека Азербејџан во повоениот период се развил, а дека во Ерменија има криза, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во својот говор на церемонијата на подарување станови за семејствата на починатите војници, Алиев рече дека во Ерменија скоро секој ден се доживуваат внатрешни конфликти и дека се занемаруваат принципите на демократијата.

„Ерменија никогаш не била во ваква жална ситуација. Нејзините лидери се тие што ја доведоа во оваа ситуација, и режимот Кочарјан-Саркисјан, кој владееше со земјата 20 години, како и администрацијата што следуваше по нив“, рече Алиев, додавајќи дека во Ерменија има внатрешни конфликти и масовни апсења.

Исто така, во говорот Алиев рече дека „некои држави и невладини организации кои зборуваат за демократија, ја игнорираат оваа ситуација.”

„Опозицијата во Ерменија секој ден е под притисок, се апси, се убива, но никој не реагира. Што покажува тоа? Триесетгодишната историја уште еднаш покажува дека ние не ја освоивме оваа победа само над Ерменија. Организирани и моќни кругови се обединија против нас и сакаа да ја задржат нашата земја засекогаш под окупација. Ерменија беше само алатка. Ја уништивме оваа подмолна политика и воспоставивме правда.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1