ММС

Објавено на: 02/25/21 9:04 PM

Фабрегас: Букајо Сака е „game changer“, толку добар и интелигентен играч

Арсенал „низ иглени“ уши се пласираше во 1/8 финалето од Европа Лига, победувајќи ја Бенфика на „домашен“ терен со 3:2.

„Топџиите“ не брилијираа како колектив, но покрај двојниот стрелец Обамејанг, едно име сериозно се издвои на вечерашниот дуел. Букајо Сака со две асистенции токму кон Обамејанг практично ја обезбеди победата на својот тим, преземајќи огромна одговорност во моментите во кои се чинеше дека Арсенал го губи тлото под нозе и ги губи шансите за прогрес во нокаут-фазата.

Статиската од овој натпревар вели: 100 oтсто добиени воздушни дуели, 57 допири со топката, 92 отсто точност на додавања, две креирани шанси, две асистенции. Ваквите бројки го натераа и поранешниот фудбалер на тимот од северен Лондон, Цекс Фабрегас, на социјалната мрежа „Твитер“ да ја искоментира играта на „тазе“ англискиот репрезентативец.

-Сака е толку добар фудбалер. Таква зрелост и интелигенција за негова возраст. Сака е „game changer“, напиша Фабрегас.

Во рамките н 26-тото коло, Арсенал викендов гостува кај Лестер, кој вечерва од 21:00 часот ќе го одигра реванш дуелот од Европа Лига против Славија Прага.

 

 

 

Фото:

еurosport.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.