ММС

Објавено на: 02/25/21 6:25 PM

Нов кластер во Центарот за срцеви заболувања во Охрид – сите прегледи преку Мој термин откажани

Петнаесеттина вработени во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид се позитивни на Ковид 19.Од нив шест се лекари, а останатите се медицински сестри, и друг технички персонал.Во болницата, во која се лекуваат пациенти со срцеви заболувања од целиот Југозападен дел на државата па и пошироко но и од соседна Албанија, во моментот се откажани сите прегледи преку „Мој термин“. Се примаат само итните случаи во ургентната амбуланта, а бидејки болницата во моментот на располагање поради актуелната ситуација има само еден кардиолог, се третираат само пациентите чија што состојба е животозагрозувачка. Истиот тој кардиолог доаѓа на повик, по потреба.

„Од неодамна, од МЗ имаме и официјални податоци дека во Охрид е изразено висока застапеноста на “британската мутација” , која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба, за жал не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти“, велат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Единствениот интервентен кардиолог во моментот е доктор Дејан Манчески. Тој за ммс, вели дека е екстремно тешко да се работи во вакви услови.

„Откако колегите се во изолација, работам на повик.Некогаш доаѓам и по двапати на ден, ако се појави потреба од итна и неодпожна интервенција. Екстремно тешко е да се работи во нормално околнсти, а не пак во вакви какви што сега ги имаме.Сето ова што се случува со Ковид 19 е на штета на пациентите.Имаме пациенти не само од Охрид и Струга туку и од Битола, Кичево и други градови“, вели Манчески.

Пред неколку месеци во оваа болница почна да функционира и ковид одел, во кој велат од болницата се третираат  најкомплексни пациенти од Охрид и регионот, а многу од нив имале потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка.

„И покрајнепречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед“,велат од болницата.

За ваквата состојба биле известени и Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.Лекарите со кои зборувавме велат дека ова е цената на нивното работење со полна пареа во текот на целата пандемија и оти прашање на времо било кога ќе се појави заразата.Овде се третираат по стотина пациенти дневно Охрид последните десеттина дена е меѓу градовите со најголем број на заразени од Ковид, од кои поголемиот дел се од т.н британска мутација.Денес се регистрирани уште два нови случаи инфицирани на Ковид 19, што значи дека бројката се зголемува.Лекарите и другиот медицински персонал стравуваат дека ситуацијата може да биде уште полоша и оти од сегашната ситуација,најмногу ќе страдаат пациентите со срцеви заболувања и други кардиолошки проблеми.

Мики Трајковски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.