ММС

Објавено на: 02/25/21 4:33 PM

Емина Јаховиќ откри: Мустафа две години не плаќа алиментација

Емина Јаховиќ неодамна обелодени дека нејзиниот поранешен сопруг не и плаќа алиментација за нивните синови веќе две години, а сега откри детали и за нивниот однос.

-Пишувањата дека се превземени мерки за неговите банкарски сметки, како и дека се конфискувани негови вредни работи, едноставно не се точни. Поминаа 32 месеци откако сме разведени, а тој алиментација нема платено веќе 26 месеци, открила пејачката.

-Мустафа се обиде да претстави пред јавноста дека си ги подмирува своите обврски се до претходните два месеци, кога изјави дека бил спречен поради потешкотии кои настанале поради пандемијата. Апсолутно не го прифаќам тоа!

-Никогаш не сум била од оние жени кои одат низ животот и ги трошат парите на сопругот. Продолжив да работам и после разводот, како што работев и пред и за време на бракот. Благодарение на тоа ќе бидам покрај своите деца до самиот крај, ќе ги поддржувам во се и ќе направам да пораснат во мажи кои ќе го живеат животот без потреба да бараат нечија помош, додала Емина и истакнала дека Мустафа треба да им даде објаснување на своите деца, зошто не ја плаќа алиментацијата, а не на неа.

-Не зборуваме овде за некој кој е во лоша финансиска состојба и на кој му е потребна помош. Се е за луѓе, можеби и тоа ќе го искусиме еден ден. Ако неговата материјална ситуација стане лоша еден ден, ќе работам на тоа да го надокнадам она шо неможе да си го дозволи, ќе му помогнал, рекла пејачката.

-Но ситуацијата моментално не е таква. Постои правда кога се работи за родителство, како и за се останато во животот. Мојата борба не се однесува само во моја корист, веќе јавно се борам за правата на сите жени кои поминуваат низ истиот проблем, порачала пејачката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.