ММС

Објавено на: 02/25/21 9:55 AM

Британскиот сој е присутен во 70% од случаите, но засега нема да има нови рестриктивни мерки, рече Филипче

Се уште нема конкретен датум кога во Македонија ќе пристигнат вакцините од Русија. Како што информираше министеро за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, вчера бил овластен да го потпише договорот и тој е во комуникација со претставници од Руската Амбасада за поконкретни информации.

„Вчера владата ме овласти да го потпишам договорот, имавме затворена седница договорот е практично по истиот принцип како што беа и останатите договори, станува збор за количина од 100.000дози. Уште вчера интензивно во попладневните часови преку претставници на Руската Амбасада ќе се обиеме да добиеме поточни и поконкретни информации во однос на тоа кога би пристигнале вакцините во нашата земја“, рече Филипче.

Секојдневни комуникации имаат со „Фајзер“ рече министеротот, но сеуште нема конкретен датум за пристигнување на вакцините од директната комуникација со оваа компанија.

„Тоа е нешто што произлегува од секојдневната комуникација што ја имаме, некои дополнителени елементи, расчистување на некои членови од договорот. И деенска ќе продолжи таа комуникација, јас се надевам дека следната недела ќе ги имаме и конкретните датуми нешто што ќе произлезе од таа комуникација, но засега остануваме во тие интезивни разговори со претставниците на двете компании“, изјави Филипче.

Во однос на зголемениот број на новозаболени лица со Ковид 19 и вчерашната бојка на ковид статистиката во нашата земја која беше поголема во однос на другите изминати денови, министерот рече дека тоа се должи на новиот британски сој на Ковид 19 кој во нашата земја е застапен во околу 70% од случаите.

„Навистина има зголемување на бројот на заболени, во овој момент сеуште траат испитувањата во лабораторијата во МАНУ, но во текот на вчерашниот ден има разговори со претставници на лабораторијата од болницата Жан Митрев каде британскиот сој е присутен во 70%. Очигледно е дека се зголемува и дека еден дел на ова зголемување на бројките се должи на еден сој од вирусот за кој знаеме дека полесно се пренсува. Зголемен е бројот на пациенти кои се хоспитализираат, меѓутоа не до тој степен да ги загозуваат болничките капацитети. Во дел од болниците ширум државата, конкретно Кавадарци, Прилеп и Охрид, но сосема доволен број на слободни болнички капацитети и сега во овој момент, конкретно во Скопје има слободни болнички кревети има на Инфективната клиника без Модуларната, значајно ослободен болнички простор има на Интерните клиники кои што сега нормално функционираат. Во било кој момент се спремни било кој од овие капацитети да се вратат во оној претходен режим на работа, кога сите лекари и сестри ротираа и сите интерни одделенија беа наменети за пациенти наметени за ковид. И ние затоа имаме секојдневна комуниакција со диркеторите на сите тие клиники, тие се свесни, знаат и очекуваат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Не ја исклучува можноста за нови рестриктивни мерки но засега не се размислува за такво нешто.

„ Гледаме и пратиме дали овој тренд ќе продолжи вака до тој степен да биде ризик и повторно да се преоптеретат болничките капацитети поради тоа што засега нема таква индиција, и сметаме дека сега за сега добро се менаџира но не ја исклучувам таа можност“, рече Филипче.

Во однос на вакцинацијата тој спомена дека голема е заинтересираноста на здравствените работници кои сакаат да се вакцинираат.

!Околу 180.000 граѓани се регистрирани во системот Мој Термин со возраст ан 70 години и хронични болести и од таа вкупна бројка 50 000 се веќе пријавени преку сајтот вакцинција. Мк или преку матичните лекари. Меѓутоа ние имаме и дополнително механизми кои ќе ги активираме да се повикаат и сега тимот кој што е задолжен за тоа активно ги разработува сите тие механизми. Битно е дека исклучително е голем бројот на здравствени работници кои што покажаа интерес да се вакцинираат. Ние во овој следен период не повеќе од 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници блзу 40 000 кои работат со ковид пациенти. Сме задоволни од податоците и од тоа како се спроведува вакцинацијата. Планираме кампањеи и повици од матичните лекари“, рече Филипче.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.