ММС

Објавено на: 02/25/21 9:14 AM

Tурција за еден месец извезе црноморски лосос во вредност од 20 милиони евра

Турција во јануари 2021 година извезе црноморски лосос во вредност од 19.811.819 долари во повеќе земји,  како Русија, Германија, Виетнам, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Според Здружението на извозници на источно Црно Море (DKİB), во првиот месец од годината продадени се 3.980 тони црноморски лосос во 23 земји.

Извозот на црноморскиот лосос се зголеми за 87 проценти во споредба со јануари 2020 година. Приходот од извоз достигна 19.811.819 долари.

Црногорскиот лосос најмногу е продаден во Русија, Германија и Виетнам.

Во првиот месец од годинава, во Русија се извезени 2.443 тони црноморски лосос за 11.658.150 долари. По Русија следуваат Германија со 5.148.575 долари и Виетнам со 1.151.726 долари.

Црноморскиот лосос оваа година е продаден и на Белорусија, Азербејџан-Нахчиван, Израел и Јордан.

Исмаил Кобја, член на Управниот одбор на Здружението на извозници на источно Црно Море (DKİB), и претседател на Комитетот на сектор за риболов, во изјавата за АА истакна дека црноморскиот лосос, кој се одгледува во кафези во Црното Море и популарно познат како „виножито пастрмка“, е многу баран на странските пазари.

Истакнувајќи дека извозот на црноморскиот лосос започнал уште во првиот месец од годината, Кобја рече дека нивните очекувања од наведениот извоз се големи и дека лососот, кој во моментов се продава на Русија, Германија и Виетнам, и понатаму ќе биде баран од многу земји.

Кобја наведе дека производствениот капацитет треба да се зголеми бидејќи побарувачката ќе биде поголема во наредните години, при што рече:

„Но, бирократските проблеми што се појавуваат во релевантните министерства за добивале дозволи за производство ги обесхрабруваат извозниците. Неизбежно, оваа состојба негативно се одразува на извозот.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1