ММС

Објавено на: 02/25/21 7:02 AM

Време: Сончево и топло и денеска, пад на температурите од недела

Сончево и топло со мала локална облачност ќе биде, според прогнозата на УХМР, времето денеска. Ќе дува слаб северен ветер. Минималните температури од -3 до +5 степени, а дневните од 14 до 20 степени.

Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.