ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/24/21 10:08 PM

Бремена Авганистанка изврши самозапалување во бегалскиот камп на грчки Лезбос

Државјанка на Авганистан на грчкиот остров Лезбос се запали во својот шатор по сознанието дека поради бременоста нема да биде транспортирана во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Грчките медиуми наведуваат дека Авганистанка во осми месец од бременоста, се запалила на 21 февруари во бегалскиот камп Каратепе.

Мајка на две деца, чиј идентитет не е откриен, ги изнесе децата од шаторот и се запали.

Оваа жена со статус на бегалец претходно се пријавила за трансфер во Германија.

Авганистанката е хоспитализирана и не е животно загрозена, а утре ќе даде изјава во Обвинителство на Лезбос.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1