ММС

Објавено на: 02/24/21 5:47 PM

Средба на министерот Маричиќ со шпанскиот амбасадор Сера

Министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук објави дека се сретнал со шпанскиот амбасадор во земјава Емилио Лоренцо Сера, со кого разговарал за унапредување на соработката меѓу двете држави во областа на правосудство, со посебен фокус на институциите каде се обучуваат идните судии и јавни обвинители.

На средбата присуствувала и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

– Оваа наша средба е само првиот чекор кон понатамошна стручна соработка во областите од заеднички интерес. Искуството на Шпанија е добредојдено со цел брз развој на Академијата за судии и јавни обвинители, наведе Маричиќ во објавата


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.