ММС

Објавено на: 02/24/21 6:11 PM

Каде моментално може да се патува? Овие земји примаат туристи кои се вакцинирани

После Романија, Исланд, Полска, Молдавија, Сејшели и Маурициус, се повеќе земји најавуваат дека на вакцинираните патници ќе им овозможат влез без негативен ПЦР тест или карантин. Важноста за потврдата за вакцинација секојдневно расте, наспроти бројните контроверзии.

Едно од најактуелните прашања е каде може да се патува и под кои услови?

Мадеира спремно ги дочекува патниците кои веќе во потполност се вакцинирани против коронавирус. Покрај нив, добредојдени се и оние кои ја прележале инфекцијата, што сњ докажува со лекарско уверение. Според наводите на туристичката организација на Мадеира, потврдата за вакцинација мора да биде на англиски јазик. Таа мора да ги содржи и информациите за име на патникот, датумот на раѓање, вид на вакцина и датум на вакцинација. Патниците кои биле позитивни на коронавирус во период од 90 дена пред патувањето, но оздравеле, мораат да поседуваат лекарско уверение кое тоа го докажува.

Исланд исто така најави дека ќе го укине карантинот за патниците кои се вакцинирани. Туристичката организација на оваа земја наведува дека се изземени сите патници со важечка меѓународна потврда за потполна вакцинација со одобрена вакцина против коронавирус.

Моментално може да се патува и на Сејшелите кои се, исто така, отворени за вакцинирани туристи. Сите посетители се изземени од двенеделниот карантин ако поседуваат доказ за потполна вакцинација и тоа најмалку две недели пред патувањето.

Без негативен ПЦР тест

Романија го укина за патниците кои се вакцинирани против Ковид 19 (доколку втората доза е примена најмалку 10 дена пред влез во земјата) ПЦР тестот. Ова правило се однесува и на посетителите кои ќе докажат дека биле заразени со коронавирус од 14-90 дена пред влез во земјата.

И Грузија го олесни влезот во земјата. Вакцинираните патници ќе можат да влезат во оваа земја без ПЦР тестови. Сите останати мора да имаат негативен ПЦР тест за влез во земјата. После три дена престој ќе мора повторно да се тестираат. Но, помеѓу овие два теста не постои карантин, пишува травелмагазин.

Естонија најави дека на патниците кои ќе приложат комплетен сертификат за вакцинација ќе им биде дозволен влез без негативен ПЦР тест. Укинат е и десетдневниот карантин. Но епидемиолошките мерки во земјата сеуште мораат да се почитуваат.

Од 1-ви април 2021 година Кипар планира да дозвли влез за вакцинираните израелски државјани, без карантин и негативен ПЦР тест. Израел исто така, е во такви преговори со Грција. И двете држави би ги признале една на друга  потврдите за вакцинација, остварувајќи некој вид на патен коридор. Грција и Велика Британија се во преговори околу „ковид пасошите“ кои на британските државјани ќе им овозможи одмор во Грција, без карантин, од почетокот на мај. Се очекуваат преговори на Грција и со други држави.

Шведската влада на почетокот на февруари најави дека дигиталниот ковид пасош треба да биде спремен за употреба ова лето.

Веста која сеуште не е потврдена е дека Шпанија ќе дозволи вакцинираните патници на одредени држави да поминат летен одмор во оваа земја без карантин, под услов да имаат негативен ПЦР тест.

Извор: B92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.